Празнично торжество во чест на свети Климент Охридски, светите Седмочисленици и светиот великомаченик Пантелејмон

„Свештенотајнику, откако си проникнал во бездната на Божјата Премудрост, богатството на божествените Писанија оттаму си ги нацрпил, со кое елинскиот глас, со словенски јазик си го појаснил, семудри Клименте. Затоа со љубов те славиме.“1

Прославата на светиот Климент Охридски, на светите Седмочисленици и на светиот великомаченик Пантелејмон започна на 08.08.2026 година, кога во манастирот посветен на големите светители и заштитници на градот Охрид, „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, беше отслужена празнична Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Радоста и торжеството продолжија наредниот ден, на 09.08.2026 година, со света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент.

Во продолжение ви го принесуваме словото произнесено од Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан: Слово на Архиепископот Стефан изговорено на Светата Литургија на празникот Свети Климент Охридски, светите Седмочисленици и свети великомаченик Пантелејмон.

По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.

На многу години!

  1. Стихира од Утрената богослужба на св. Климент Охридски. ↩︎

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК