,,Имајќи ја светската слава си го оставил светот, и на пат кон Света Гора игуемнски благослов од Богомајката си добил. Со пост, бденија и молитва си го запазил целомудрието, богобојазлив Гавриле. Моли го сега Христа, нашиот Бог, да го умножи монаштвото, да ја запази Црквата наша и светот да го спаси.” 1
На 12.01.2026 година, на денот кога го празнуваме споменот на светиот Гаврил Велички – Светогорец, во манастирот ,,Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново, Митрополитот Дебарско – кичевски г. Георгиј, по покана на Митрополитот Брегалнички г.Иларион, зеде учество и сослужуваше на светата архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.








- Тропар на св. Гаврил Епископ Велички ↩︎






