,,Благоуспешен насадителу на духовното лозје, и праведен игумене на Лешочката света обител, ревносен исполнителу на монашките правила, и проповеднику на Христовата света наука, Огледало на добродетелите, и утешителу на грешните души, си засветлил во слава низ пределите Полошки, преподобен оче Кириле, моли се за спасение на нашите души.“1
На 25.03.2026 година, на денот кога го празнуваме споменот на свети Кирил Лешочки, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“ во Лешок, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј зеде учество и сослужуваше на Литургијата на Претходноосветените Дарови, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
На Литургијата молитвено присуствуваа и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент.









- Тропар на св. Кирил Лешочки. ↩︎






