На ден 18.12.2025 година го прославуваме споменот на светиот Нектариј Битолски. Прославата во негова чест започна со свечена Вечерна богослужба во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреподобие, архимандритот Нектариј, игумен на Светинаумовата обител.
Наредниот ден, беше отслужена света Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреподобие, архимандритот Нектариј.





