„Со архангелите да го воспееме Христовото Воскресение, зашто Он е Избавителот и Спасител на душите наши, и во страшна слава, и во крепка сила, пак доаѓа да му суди на светот што го создаде.“1
На 12.04.2026 година, на најторжествениот празник над празниците, Пресветлото Воскресение Христово, во попладневните часови, во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид, беше отслужена Вечерна богослужба со читање на Светото Евангелие според Јован на повеќе јазици, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.















































































Во продолжение линк од видео материјалот: https://www.facebook.com/reel/1324250396234794
- Стихира на Господи повикав од Вечерната богослужба во Неделата на Пасха ↩︎






