„Озарен со светлините на натприродната добродетел, и таинствено воден од небесата, ти дојде на јорданските води, Претечо, крштавајќи ги и очистувајќи ги со вода оние што пристапуваат кон тебе со вера душевна.“ 1
На 20.01.2026 година, на празникот на Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован, во храмот ,,Св.Јован Богослов” – Канео, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Георгиј.
По Литургијата, Митрополитот ја посети црквата ,,Св. Никола Геракомија”. Традиционално, верниците најнапред се собираат во црквата, а потоа групно, со литија, се упатуваат кон месноста Сараиште, каде што го одбележуваат и Денот на рибарите со масовно капење во Охридското Езеро, пеејќи го тропарот на Богојавление.
На собирот присуствуваше и Митрополитот г. Георгиј.




























- Песна од канонот на Утрена на Собор на свети Јован Крстител. ↩︎






