Дваесет и Шеста Недела по Педесетница и Света Великомаченичка Екатерина

Со добродетели како со сончеви зраци ги просвети неверните мудреци, и како пресветла месечина која оди во ноќта, ја изгони темнината на неверието. Царицата ја убеди, а мачителот го разобличи, Богоповикана невесто, блажена Екатерино, со љубов стигна во небесните дворови, кај прекрасниот Женик Христос, и од Него си венчана со царски венец: и сега со ангелите пред Него стоејќи, моли се за нас кои го почитуваме твојот чесен спомен воскликнувајќи: Алилуја!”

(тропар на св.вмч. Екатерина)

На 07.12.2025 година, во Дваесет и шестата недела по Педесетница, на празникот на св.вмч Екатерина и св.вмч. Меркуриј, во манастирот ,,Свети Еразмо Охридски” во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК