На 08.12.2025 година, во катедралната црква „Св. Софија“, се одржа свечена академија по повод празникот на Свети Климент Охридски.
На свеченоста беа доделени највисоките општински признанија на заслужни охриѓани. Покрај бројните гости, на прославата присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.





