На 03.05.2026 година, во Европскиот парламент во Брисел се одржа конференција на тема „Преразгледување на дијалогот помеѓу Европската Унија и религиите (член 17 од Договорот од Лисабон) во светло на Комуникеата на Интерпарламентарната унија (ИПУ)“, на која зеде учество и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј.
Митрополитот Георгиј на конференцијата беше придружуван од протојереј-ставрофор Никола Христоски.
Конференцијата беше коорганизирана од Интерпарламентарното собрание на православието и работната група на Европската народна партија (ЕПП) за меѓукултурен и религиски дијалог, а на неа учествуваа претставници на европските институции, парламентарци и претставници на различни верски заедници.











