Деновиве, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј зеде учество на меѓународната научна конференција „Средба со Бога: новозаветни духовности“, која од 10 до 16 мај се одржува во Скопје и Охрид, во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во соработка со Универзитетот во Регенсбург (Германија) и Центарот за напредни студии „Beyond Canon“.
Во рамките на конференцијата, Митрополитот Георгиј се обрати на свеченото отворање и го одржа своето предавање на тема: „Кој ќе му каже на мојот Господ? Тој, Господ, слуша“ – Давидовиот избор во Псалм 151 од Септуагинтата.
На конференцијата учествуваат еминентни професори, богослови и научници од Македонија, САД, Русија, Чешка, Швајцарија, Бугарија, Германија, Грција, Норвешка, Полска, Белорусија, Романија, Србија, Украина и други европски земји, со цел продлабочување на научниот и духовниот дијалог во областа на новозаветните студии.








