На ден 08.01.2011 година, на празникот Собор на Пресвета Богородица (втор ден Божик), света архиерејска литургија се отслужи во храмот „Св. Никола Чудотворец“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Игор Никовски, Сашо Ристески и Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Владо Недески. Истиот ден беше осветен и новиот иконостас, дело на Тони Размовски од Битола, а донација од г-дин Љубе Јовчевски, приватен стопанственик од Скопје. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Тимотеј им се обрати на присутните верници со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме:

bridge media | Air Jordan

Повеќе...

Исполнувајќи ги зборовите Христови „Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на такви е Царството небесно“ (Мт. 19,14), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, традиционално, и годинава, на празникот на Христовото раѓање ги прими во својот дом дечињата на вработените во нашата епархија. Митрополитот Тимотеј ги благослови најмладите и им подели Божикни пакетчиња, та и тие да учествуваат во радоста на Христовото раѓање. Дечињата искрено му заблагодарија на дедо Владика и ја целиваа неговата света десница.   

Best jordan Sneakers | Men's Footwear

Повеќе...

„Дева денес Го раѓа Предсуштествениот, и земјата Му нуди пештера на Непристапниот. Ангелите со пастирите Го славословат, а мудреците со ѕвездата патуваат, оти заради нас се роди младо дете – предвечниот Бог“ (кондак на Рождество Христово).

Овоплотувањето на Синот Божји е најголемиот чин на љубовта Божја кон луѓето и светот. Оној Кој вечно се раѓа од Отецот, сега се раѓа во времето од Пресвета Дева Марија, за да го спаси човековиот род од смртта и трулежноста. Затоа и ние толку многу се радуваме на овој празник и му пееме на Бога: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“.

best shoes | Nike News

Повеќе...

„Раѓањето Твое, Христе Боже наш, светот го озари со светлината на богопознанието; преку неа служителите на ѕвездите, се учеа од ѕвездата да Ти се поклонуваат Тебе – Сонце на правдата, и да Те познаат, Истоку од висините: Господи, слава Ти.“ ( тропар на Божик)

affiliate link trace | Nike Dunk Low Disrupt Pale Ivory - Grailify

Повеќе...

По повод одбележувањето на Јубилејот „1100 години од упокојувањето на свети Наум Охридски Чудотворец“  на ден 22 декември 2010 година, во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид се одржа свечена духовна академија, организирана од Собранието на Република Македонија. Академијата ја отвори протоѓакон Ратомир Гроздановски, професор на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а свои поздравни говори имаа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и потпретседателот на Собранието на Република Македонија г-ѓа Светлана Јакимовска. За прекрасниот духовен амбиент се погрижи хорот „Св. Злата Мегленска“ од Скопје. На свеченоста беа присутни и Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, потпретседателот на Владата на Р. Македонија задолжен за европски прашања г. Васко Наумовски, градоначалникот на град Охрид г. Александар Петрески, деканот на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје протоереј-ставрофор Александар Гиревски, пратеници од Собранието на Р. Македонија, членови на Советот на град Охрид, претставници од Армијата на Р. Македонија, како и други гости.

Asics shoes | Nike - Shoes & Sportswear Clothing
Повеќе...
Страница 247 од 281

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Мај 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31