„Зошто се чудиш, старецу? Зошто стоиш и не му веруваш на оној што ти ги кажува овие работи? Оној што ти благовести е ангел, иако има изглед човечки. Биди нем привремено, до раѓањето на гласот на Словото“ (песна од канонот на Раѓање на чесниот славен пророк, претеча и Крстител Јован).

Сефалниот Јован се покажа како прекрасна зора, која му претходи на Сонцето, зашто со неговото раѓање започнува и подготовката на патот за доаѓањето на долгоочекуваниот Спасител, Кој ќе го избави светот и човекот од гревот и смртта. Денес се исполнува пророштвото на пророкот Исаија, зашто се јави на Земјата ангел предвесник, кој ќе ги подготви луѓето со зборовите: Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно.

Светиот празник на раѓањето на Крстителот Јован, кој го празнуваме на 07 јули, беше свечено прославен во манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски“ со сеноќно бдение и со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Партениј, игумен на манастирот, еромонасите Доситеј, Макариј, Еразмо и Ефросиниј, свештениците Никола Христоски и Гроздан Богески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Порфириј. По завршувањето на Литургијата беше осветеното празничното коливо, а Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest Nike Sneakers | BAPE adidas Superstar Green Camo GZ8981 Release Date - SBD

Повеќе...

„Подражателу на апостолите, правило на архиереите, убавино на преподобните, сострадателу на страдалците, без крв како маченик се овенча, зашто си беседел во тешки маки, носејќи го Христовото име божествено, и секогаш смело проповедајќи ја тајната на Света Троица. Нејзе не престанувај да и се молиш, Науме, за оние што тебе те прославуваат“ (седален по полиелејни псалми на Утрена на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец).

Почитта и големината на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец се неискажливи. Тоа е чувството на верниот народ, кој знае дека Преподобниот не живеел за себе, туку повеќе Христос живеел во него. Светинаумовото учење блеснало во нашата земја македонска, а поради неговиот труд и молитвите, многумина поверувале и ја спасиле својата душа.

buy footwear | Air Jordan

Повеќе...

„Чесните маченици, разгорени од огнот на љубовта Божја, го презреа огнот и, разгорени како божествен јаглен во Христа, ги изгореа арогантните суварки на заблудата. Со чесните молитви ги затворија челустите на ѕверовите и, наведнувајќи ги главите за сечење, ги сосекоа сите полкови непријателски и, пролевајќи потоци од крв трпеливо, ја напоија Црквата просветлена со верата“ (стихира на Господи повикав... на Голема вечерна на Недела на сите светии).

Господ Исус Христос, нашиот Спасител, во светото Евангелие ни порачува: Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене (Мт. 10, 37-38). Ова не се само празни зборови, туку вистинскиот и единствениот пат кон спасението. А ако сакаме да видиме кој ги исполнил овие Христови зборови, тогаш доволно е да го отвориме нашето православно календарче или житијата на светиите, во кои нема да можеме и да ги доброиме светителите, мачениците, преподобните и сите други, кои душата своја ја загубиле заради Христа. Споменот, пак, на сите овие светии, и знаени и незнаени, се прославува во Неделата по Педесетница.

bridgemedia | Air Jordan

Повеќе...

„Кога изворот на Духот дојде на земјата, разделувајќи се духовно во вид на огнени реки, ги пороси апостолите просветлувајќи ги, и беше како облак кој освежува. Преку Него ние ја примивме благодатта, преку огнот и водата. Светлината на Утешителот дојде и светот го просветли“ (седален на Утрена во Понеделник на Светиот Дух)“.

На 09.06.2014 година, во Понеделникот на Светиот Дух, според локалната традиција во нашиот град, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Кирил Јованоски, Љупчо Симиџиески, Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Васил Ристовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел се обрати кон верниот народ со пригодно слово, а Митрополитот Јосиф ги причести верниците, кои се подготвувале да пристапат кон светиот Путир.

Best Nike Sneakers | NIKE Chaussures, Sacs, Vetements, Montres, Accessoires, Accessoires-textile, Beaute, Sous-vetements - Livraison Gratuite

Повеќе...

На 01.06.2014 година, во Седмата недела на светите Отци и на празникот на светиот Патрикиј епископ Бруски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски и Ромео Петрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новиот храм „Св. Јован Крстител“ во с. Г. Лакочереј, Охрид. Изградбата на храмот започна во 2006 година, а ктитор на истиот е Димитриеска Нада од истото село. Храмот се изгради со доброволните прилози на жителите на селото и пошироката околија. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое ги поучи за двете природи на Богочовекот Христос, а за кое учење и верување ревносно се бореле 318 Отци од Првиот вселенски собор. Токму овие свети Отци Митрополитот ги посочи како пример, на кој сите ние треба да се угледаме, за да ја сочуваме чиста и неосквернета нашата вера православна, а за прослава на Христа и за спасение на нашите души.

Asics footwear | Sneakers Nike Shoes

Повеќе...
Страница 195 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1