„Свештен и божествен органу на Премудроста, светла трубо на богословието, согласно те воспеваме, Григорие Богопроповедниче: но, како ум којшто стоиш пред првиот Ум, кон Него упати го и нашиот ум, за да викаме: Радувај се, проповедниче на благодатта“ (кондак на свети Григориј Палама).

Втората недела од Великиот пост, светата Црква ја посветила на великиот учител, подвижник и мистик Христов, свети Григориј Палама. Поминувајќи низ животот низ многу маки и искушенија и секогаш поради името Христово и вистинското верување, св. Григориј ги порази ересите од своето доба и го потврди Паламитското учење. Ова Црквата го примила како втора победа против ересите и токму затоа, ја посветила оваа втора Недела на свети Григориј.

buy footwear | Nike Shoes

Повеќе...

Нашата света Македонска православна црква, поточно сестринството од манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Рајчица, Дебар, метох на манастирот „Св. Јован Бигорски“, на вечерната богослужба од втората Недела од Великиот пост, неделата кога го прославуваме „светилникот на православието, тврдината и учителот на Црквата, и украсот на монасите“, св. Григориј Палама,  беше збогатено со уште еден нов член, со уште еден ангелообразен воин Христов. Искушеничката Драгана, од раката на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, прими монашки потстриг и го зеде своето ново, монашко име – сестра Касијана. На вечерната богослужба на Митрополитот Тимотеј му сослужуваа браќата од Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, игумен на манастирот, еромонасите Доситеј, Макариј и Јосиф и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верен народ, но и кон новопотстрижената Касијана со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Best jordan Sneakers | Nike - Sportswear - Nike Tracksuits, Jackets & Trainers

Повеќе...

„Претставувајќи го на икона Твојот божествен лик, Христе, јасно ги воспеваме Твоето раѓање, неискажливите чудеса и доброволното распнување. Од тоа и демоните во страв бегаат и безбожните во срам редат, како нивни соучесници“ (седален на Недела на православието).

На секоја од неделите во Великиот пост, освен своето значење како ден на Воскресението, Црквата им дава и друго, инакво - поодредено значење. На ден 04.03.2012 година, Првата недела од Великиот пост - Недела на православието, кога ја прославуваме победата над иконоборството и повторното воведување на иконите во храмовите, во храмот „Св. Никола – Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Љупчо Симиџиески и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Мноштво верни чеда зедоа учество во евхаристиските молитви и пристапија кон светите Тајни.     

Sportswear Design | Nike

Повеќе...

„Откако верата Христова ја прими како штит во срцето свое, противничките сили си ги победил, многустрадалнику, и со венци небесни, како непобедлив, вечно си се овенчал, Теодоре“ (кондак на св. вмч. Теодор Тирон).

На крајот од секоја седмица од Великиот пост, во саботите и неделите, светата Црква Христова благословува да се служи целосна света Литургија. Во Првата сабота од Великиот пост го прославуваме споменот на св. вмч. Теодор Тирон и чудото со коливото. На 03.03.2012 година, Тодорова сабота, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештеник Димче Азески и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. Храмот беше исполнет од многуброен верен народ, кој подготвен според правилата на светата Црква, речиси без исклучок пристапи кон светите Путир, за да се соедини со нашиот Спасител Христос. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме:

Asics footwear | Nike React Element 87

Повеќе...
Страница 238 од 293

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5