На 10 октомври 2010 година во селото Рабетино – Кичевско архиерејско намесништво, надлежниот Архиереј на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј, во сослужение на свештенослужители од Епархијата изврши осветување на црквата посветена на св. Вмч. Димитриј Солунски. Селото Рабетино се наоѓа на 20 километри оддалеченост од Кичево, на патот кон Македонски Брод.
Чинот на осветувањето се изврши пред голем број на верници од селото, кои за овој свечен миг пристигна од повеќе градови од Македонија, каде што се преселени поголемиот број од селаните.