На 05.01.2011 година во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, и оваа година, со сите почести и достојно на еден голем светител и подвижник беше прославен празникот на упокојувањето на преподобниот Наум, охридскиот чудотворец. Празнувањето започна на четврти јануари со празнична вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на игуменот на Светинаумовиот манастир, архимандритот Нектариј, свештеникот Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Утредента се отслужи света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Игор Никовски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата се изврши мал водосвет и се прекрши празничниот колач. Митрополитот Тимотеј, кон многубројното верно паство, се обрати со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.
Nike Sneakers | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ