МПЦ-ОА – Манастирот „Св. вмч. Недела“ во с. Оровник, односно Дебарско-кичевската епархија, ве поканува на заедничко молитвено торжество по повод празникот на светата великомаченица Недела и поклонение на нејзините свети мошти, коешто ќе се одржи на 25 и 26 април 2026 година, во манастирот „Св. вмч. Недела“ во с. Оровник, Охрид.
Програма
25.04.2026 година
17:00 часот – Пречек на светите мошти пред храмот „Св. пророк Илија“ во с. Оровник
– Свечена литија до манастирот
– Поклонение на светите мошти
18:00 часот – Празнична вечерна богослужба
19:30 часот – Културно-уметничка програма
26.04.2026 година
07:30 часот – Утрена богослужба
09:00 часот – Пречек на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, и Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент
– Архиерејска Литургија, мал водосвет и прекршување на славскиот колач
11:30 часот – Културно-уметничка програма









