„Гледајќи ги Моите ребра и раните од клинците, Томо, зошто не веруваш во Моето Воскресение, говореше Господ кога воскресна од гробот, јавувајќи им се на апостолите неискажливо. А Близнецот, кога поверува, Му викаше на Создателот: Ти си мојот Бог и Господ.“ 1
На 19.04.2026 година, во Неделата на Антипасха – Томина недела, во храмот „Св. Николај Мирликиски“ во Долна Влашка Маала, во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен богословот Димитар Петрески.













































































Во продолжение линк од видео материјалот: https://www.facebook.com/reel/2032383637698969
- Седален од Утрената богослужба на Томина недела. ↩︎






