,,Девственомаченице, сеславна страдалнице Параскево, со твоите молитви кон Господа, моли се да бидеме избавени од искушенија и невољи, и од идната осуда, ние што достојно го празнуваме твојот спомен, сефална маченице.“1
На 08.08.2026 година, во денот кога го празнуваме споменот на светата преподобномаченица Параскева и светиот свештеномаченик Ермолај, во манастирот „Св. Петка“ во с. Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.










































- Стихира од Вечерната богослужба на преподобномаченица Параскева. ↩︎






