На 17.03.2026 година, во просториите на Дебарско-кичевската Митрополија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со учениците од ООУ „Свети Наум Охридски“ од с. Пештани.
Во таа пригода, Митрополитот им се обрати на учениците со пригодно слово, посветено на светите сесловенски просветители и нивните ученици, по што следеше и срдечен разговор со присутните.
Од страна на директорката и наставничкиот колегиум, на Митрополитот му беше врачена благодарница за несебичната поддршка, соработката и придонесот во афирмирањето на духовните, хуманите и образовните вредности кај младите генерации.






























