„Плодот на праведните Јоаким и Ана, како дете Му се принесува на Бога во светиот храм – хранителката на нашиот живот, која ја благослови првосвештеникот Захарија. Сите ние, како Мајка Божја, верно да ја прославиме“
(седален на Утрена на празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица).
На 04.12.2025 година, на денот кога го прославуваме празникот Воведение во храмот на Пресветата Богородица – Пречиста, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.





