Манастири

  • „Свети Јован Крстител“ – Бигорски

    Местоположба, духовен карактер и значење Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ претставува круна на сите убавини што Бог штедро ги распослал на падините на планината Бистра. Тој се наоѓа во предел богат со природни убавини, опкружен со бујна шума, а под него течат бистрите води на реката Радика. Со заживувањето на монашкиот живот, неговата убавина засветлувала…

    „Свети Јован Крстител“ – Бигорски

  • „Свети Георгиј“ – Кнежино, Кичевско

    Местоположба Манастирот „Свети Георгиј“ се наоѓа над градот Кичево, во атарот на селото Кнежино. Окружен е со прекрасна природа и, со својата местоположба, претставува вистински покров над градот Кичево и неговата околина. Средновековни остатоци и археолошки истражувања Со археолошките истражувања биле откриени остатоци од средновековна црква со подни мозаици. Пронајдени биле и поголем број фрагменти…

    „Свети Георгиј“ – Кнежино, Кичевско

  • „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник

    Плаошник како духовен и словенски извор За македонскиот и за целиот словенски род, Охрид како древен град претставува источник на духовната самосвест. За тоа особен придонес дале свети Климент, кој од возвишението на едниот крај бдее над градот, и свети Наум, кој од возвишението на спротивниот крај го чува. По смртта на свети Кирил и…

    „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник

  • „Рождество на Пресвета Богородица“ – Горни Манастирец, Македонски Брод

    Местоположба и историски почетоци Овој манастир се наоѓа во областа Порече, таканаречена поради тоа што се наоѓа по средниот тек на реката Треска, поточно над селото Горни Манастирец, во близина на Македонски Брод. Се претпоставува дека потекнува од XIII век, на што нè упатува стилската анализа на остатоците од фрескоживописот во манастирската црква. За време…

    „Рождество на Пресвета Богородица“ – Горни Манастирец, Македонски Брод

  • „Свети Георгиј Победоносец“ – Рајчица

    Манастирот и неговото духовно значење Манастирот „Свети Георгиј“ претставува прекрасен цвет во духовната градина на Дебарско-кичевската епархија. За неговата убавина и за благодатниот мирис што од него се излева придонесуваат подвигот и постојаната молитва на сестринството што живее во него. Манастирот се наоѓа во Рајчица, недалеку од Дебар, и претставува метох на Бигорскиот манастир „Свети…

    „Свети Георгиј Победоносец“ – Рајчица

  • „Сите Светии – Си Свети“ – Лешани, Охридско

    .Местоположба и особеност на манастирот Особеност на овој манастир е тоа што е единствен кој е посветен на Сите Светии. Се наоѓа во селото Лешани, во областа Долна Дебрца, Охридско. Изграден е на висорамнина, на плато од огранокот Долни Осој, од планинскиот венец Мазатар на Плаќенска Планина. Потекло и археолошки сознанија Нема точни податоци за…

    „Сите Светии – Си Свети“ – Лешани, Охридско

  • „Свети Наум Охридски“ – Охрид

    Духовно значење и местоположба Најубавиот бисер на Охридското Езеро се наоѓа на карпа над езерскиот брег. Со својата убавина и со својата духовна светлина постојано ги гали бистрите езерски води и ги просветлува сите оние што со вера приоѓаат во него. Неисцрпен извор на чудотворства, место каде што живо се чувствуваат Божјата благодат и благословот…

    „Свети Наум Охридски“ – Охрид

  • „Свети Стефан“ – Охрид

    Местоположба Манастирот се наоѓа лево од патот што води од Охрид кон „Свети Наум“, во истоимената населба. Сместен е во ретко убав предел што овозможува убав поглед кон Охридското крајбрежје и градот Охрид. Пештерна црква и потекло За манастирската црква е искористена една природна пештера, која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен…

    „Свети Стефан“ – Охрид

  • „Света Богородица Заумска“ – Охрид

    Местоположба, архитектура и градба Манастирот се наоѓа на источниот брег на Охридското Езеро, во близина на селото Трпејца. Манастирската црква е градена во форма на впишан крст, со купола, што се наоѓа на централниот дел, која има осмостран тамбур. Ѕидана е од бигор, камен и тула. Во почетокот, црквата имала и припрата, која била засводена…

    „Света Богородица Заумска“ – Охрид

  • „Света Богородица Пречиста“ – Кичево

    Местоположба, назив, посветеност и рана историја Манастирот „Света Пречиста“ се наоѓа на десетина километри југоисточно од градот Кичево, на планинските полиња на планината Цоцан, во подножјето на нејзиниот шумовит врв Врвои, на надморска височина од 920 метри. Од натписот на конхата на апсидата се дознава дека манастирската црква е посветена на празникот Благовештение. Тоа го…

    „Света Богородица Пречиста“ – Кичево