Вести и настани
-
Акатист во Четвртата седмица од Великиот пост
„Имајќи во себе бура од помисли на сомневање, целомудрениот Јосиф се смути кога те гледаше тебе – безбрачната, помислувајќи, Пречиста, дека си згрешила. Но, кога дозна дека твоето зачнување е од Светиот Дух, рече: Алилуја!“ На 20.03.2026 година, во четвртиот петок од Великиот пост, во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево, беше отслужен Акатист…
-
Средба на Митрополитот г. Георгиј со учениците од ООУ „Свети Наум Охридски“ – Пештани
На 17.03.2026 година, во просториите на Дебарско-кичевската Митрополија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со учениците од ООУ „Свети Наум Охридски“ од с. Пештани. Во таа пригода, Митрополитот им се обрати на учениците со пригодно слово, посветено на светите сесловенски просветители и нивните ученици, по што следеше и срдечен разговор со…
-
Трета недела од Великиот пост – Крстопоклона Недела и осветување на Крст во Мислешево
,,Спаси ги Господи, луѓето Твои и благослови го Твоето наследство, победи на благоверниот народ наш над непријателите, давајќи му, и со Крстот Твој пазејќи го Твоето население.” На 15.03.2026 година, во Третата недела од Великиот пост – Крстопоклона недела, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше…
-
Втора недела од Великиот пост – Недела на свети Григориј Палама и осветување на конак во Рајчица
„Свештен и божествен органу на Премудроста, светла трубо на богословието, согласно те воспеваме, Григорие Богопроповедниче; но, како ум којшто стоиш пред првиот Ум, кон Него упати го и нашиот ум, за да викаме: Радувај се, проповедниче на благодатта.“ На 08.03.2026 година, во Втората недела од Великиот пост – Недела на светиот Григориј Палама, во манастирот…
-
Акатист во Втората седмица од Великиот пост
„О севоспеана Мајко, која Го роди Словото – посвето од сите светии, откако ќе го примиш овој наш сегашен принос, избави ги од сите напасти и ослободи ги од идните маки, оние што ти пеат: Алилуја!“ На 06.03.2026 година, во вечерните часови, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид, во петокот од Втората седмица на…
-
Конференција во Европскиот парламент во Брисел за дијалогот помеѓу Европската Унија и религиите
На 03.05.2026 година, во Европскиот парламент во Брисел се одржа конференција на тема „Преразгледување на дијалогот помеѓу Европската Унија и религиите (член 17 од Договорот од Лисабон) во светло на Комуникеата на Интерпарламентарната унија (ИПУ)“, на која зеде учество и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј. Митрополитот Георгиј на конференцијата беше придружуван од…
-
Прва недела од Великиот пост – Недела на Православието
„Денешниов ден е полн со радост и веселба, зашто блеска светлината на вистинските догмати, и свети Црквата Христова, украсена сега со враќањето на светите икони, и меѓу верниците владее богодостојно едномислие.“ На 01.03.2026 година, во Првата недела од Великиот пост – Недела на Православието, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска…
-
Тодорова сабота
„Вооружен благочестиво со храброст маченичка, страдалнику Христов, со Неговата сила ти ја заштити духовната служба и покажа дека е немоќно идолското нечестие и заканата на мачителите, презирајќи ги маките и привремениот оган. Но, о, Теодоре, дару Божји по име и дело, со твојата молитва спасувај ги оние што го слават твојот спомен.“ На 28.02.2026 година,…
-
Акатист во Првата седмица од Великиот пост
„О севосепеана Мајко, која Го роди Словото посвето од сите светии, откако ќе го примиш овој наш сегашен принос, избави ги од сите напасти и ослободи ги од идните маки, оние кои ти пеат: Алилуја!“ На 27.02.2026 година, во петокот од Петтата седмица од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во…
-
Прва среда од Великиот пост
„Да го распнеме телото со воздржание, да бидеме будни во молитвите, како што е напишано, и да живееме по примерот на Оној Кој пострада и страстите ги умртви.“ На 01.03.2023 година, во Првата среда од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на Претходноосветени дарови,…









