-
Димче Азески
Свештеник Димче Азески
Парохиски свештеник при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид
Телефонски број: 078 330 416
Раѓање и школување
Роден е на 13. Х 1980 год. во Охрид, од родители Јонче и Верица, со живеалиште во село Пештани, Охрид. Основно училиште завршил во ЦОУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани. Средно училиште завршува во Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, економски отсек. Запишан на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во учебната 1999-2000 год. како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот го завршува во 2004 год. и се стекнува со академски степен дипломиран теолог.
Ракополагања
На 31.I 2007 год. примил потстриг за чтец во црквата „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“, од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. На 4.II 2007 год. во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид е ракоположен за ипоѓакон и ѓакон од страна на митрополитот Тимотеј. На 21.II 2010 год. е ракоположен за свештеник од митрополитот Тимотеј во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид.
-
Димче Ѓорѓиески
Протојереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески
Парохиски свештеник при храмот ,,Св.вмч. Георгиј” во Охрид.
Телефонски број: 078 330 403
Раѓање и школување
Роден е на 28. Х 1969 година во Охрид. Основно училиште завршил во с. Лескоец, а средно образование завршил во Македонската православна богословија “Свети Климент Охридски” во Скопје.
Ракополагања
Од митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј е ракоположен за ѓакон на 7. VII 2000 година во манастирот „Св. Јован Крстител“ – Бигорски крај Дебар, а за свештеник на 14. VII 2000 година во црквата „Св. Врачи – Кузман и Дамјан“ во Охрид.
-
Драган Шуминоски
Свештеник Драган Шуминоски
Парохиски свештеник на Вевчанската парохија при црквата „Св. Никола“ – с. Вевчани
Телефонски број: 078 329 019
Раѓање и школување
Роден на 11 април 1974 година во Охрид, од родители Сарафин и Кристина, со живеалиште во Охрид. Основно образование завршил во Охрид. Средно богословско образование завршил во ЦСО ,,Нико Нестор” во Струга. Запишан на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје како кандидат на Дебарско-кичевската епархија. Факултетот го завршил на 12 септември 2017 година и се стекнал со академски степен дипломиран теолог.
Ракополагања
На 23. II 2022 година е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид. На 06. III 2022 година е ракоположен во свештенички чин од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во црквата „Св.вмч. Ѓорѓи“ во Охрид.
-
Ѓорѓи Блажевски
Свештеник Ѓорѓи Блажевски
Парохиски свештеник при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид
Телефонски број: 072 233 653
Раѓање и школување
Роден на 24 мај 1980 година во Дебар, од родители Злате и Живанка, со живеалиште во Скопје, населба Карпош III. Основно образование завршил во Дебар. Средно богословско образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Запишан на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во учебната 1999/00 година, како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот го завршил на 29 септември 2011 година и се стекнал со академски степен дипломиран теолог.
Ракополагања
На 10. II 2013 година е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. На 17. II 2013 година е ракоположен во свештенички чин од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид.
-
Ѓорѓи Наумоски
Свештеник Ѓорѓи Наумоски
Парохиски свештеник на Мислешевска парохија при црквата „Св. Јован Крстител“ – с. Мислешево
Телефонски број: 072 699 244
Раѓање и школување
Роден е на 31. VIII 1995 година во Струга, од родители Ристе и Елка, со живеалиште во Струга. Основно училиште завршил во ,,Јосиф Броз Тито” во Струга. Средно гимназиско училиште завршил во СОУ ,,Д-р Ибрахим Темо“ во Струга. Во 2014 година се запишува е на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот го завршува во 2021 година и се стекнува со академски степен дипломиран теолог. Со благослов митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, продолжил на постдипломски студии на Православниот богословски факултет при Универзитетот ,,Аристотел” во Солун, на катедрата за Христијанска литература и историја, кои успешно ги завршува во 2023 година. Со благослов на својот митрополит, продолжил на докторски студии на истиот факултет во Солун, на катедрата за Канонско и црковно право.
Ракополагања
На 7.V 2025 год. ракоположен e за ѓакон од страна на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во црквата „Св. вмч. Ѓорѓи“‒ Струга. На 27. IX 2025 година е ракоположен во свештенички чин од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, во црквата „Св. вмч. Ѓорѓи“‒ Струга.
-
Игор Никовски
Протоереј-ставрофор Игор Никовски
Парохиски свештеник при црквата „Св. вмч. Георгиј“ во Охрид
Телефонски број: 078 330 415
Раѓање и школување
Роден на 8. X 1974 година во Скопје, од родители Радомир и Љубица, со живеалиште во с. Бунарџик, Скопско. Основно училиште, од прво до четврто одделение, завршил во с. Бунарџик, а од петто до осмо одделение во с. Кадино, Скопско. Средно училиште завршил во средно економско училиште „Борис Кидрич“ во Скопје. Запишан на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во учебната 1992/93 година како кандидат од Скопската епархија. Факултетот го завршил на 10. IV 2003 година и се стекнал со академски степен дипломиран теолог. Со благослов на својот митрополит, продолжил на постдипломски студии
Ракополагања
На 21. XI 2001 година е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон од страна на архиепископот Охридски и Македонски Стефан. На 14. V 2004 година, со одлука бр. 105 од Скопската епархија, добива условен канонски отпуст за премин во Дебарско-кичевската епархија, од која на 14. V 2004 година, под број 125, добива условен канонски прием. Конечен канонски прием за Дебарско-кичевската епархија добива на 17. V 2004 година, под број 129. На 31. V 2004 година е ракоположен во свештенички чин од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид.
-
Љупчо Бакрачески
Свештеник Љупчо Бакрачески
Парохиски свештеник при црквата ,,Света Богородица Каменско” во Охрид
Телефонски број: 071 339 229
Раѓање и школување
Роден на 27.VII 1990 год. во Скопје, со место на живеење во с. Радожда Струга, од родители Крсте и Ленче (моминско Ристеска) Бакрачески. Основно образование завршува во СОУ „Димитар Влахов“ во Радожда. Во 2004 год. се запишува во МПБ „Св. Климент Охридски“ Скопје, генерација 2004-2009, а потоа продолжува со студии на ПБФ „Св. Климент Охридски“ Скопје генерација 2009-2013.
Ракополагања
На 21.IX 2014 год. ракоположен е за чтец, ипоѓакон и ѓакон во манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ ‒ Кичево, од страна на митрополитот Тимотеј. На 30.IX 2014 год. ракоположен е за свештеник во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, од страна на митрополитот Тимотеј.
-
Марко Спасовски
Свештеник Марко Спасовски
Парохиски свештеник при црквата „Св. Никола“ – Долна Маала во Охрид
Телефонски број: 070 360 500
Раѓање и школување
Роден на 3. VII 1990 година во Куманово, од родители Горан и Станка, со живеалиште во Куманово. Основно училиште завршил во Куманово. Средно училиште завршил МПБ “Св. Климент Охридски” – Драчево. Запишан е на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во учебната 2014/15 година, како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот го завршил во 2018 година и се стекнал со академски степен дипломиран теолог.
Ракополагања
На 2. VIII 2021 година е ракоположен за ѓакон од страна на митрополитот Тимотеј во манастирот „Благовештение на Пресвета Богородица – Пречиста“. На 30. IX 2024 година е ракоположен во свештенички чин од страна на митрополитот Тимотеј во црквата „Св. Софија“ – Охрид.
-
Миле Ангелоски
Свештеник Миле Ангелоски
Парохиски свештеник при црквата „Св. Петка“ – Дебар
Телефонски број:
Раѓање и школување
Роден е на 20. VIII 1980 година во Дебар, од родители Васил и Веса, со живеалиште во Дебар. Основно образование завршил во градот Дебар, а потоа, со благослов на надлежниот митрополит Тимотеј, се запишува во МПБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Богословијата ја завршува успешно и се стекнува со диплома завршен богослов. Подоцна се запишува на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Ракополагања
За чтец, ипоѓакон и ѓакон е ракоположен на 15. II 2015 година во охридската црква „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, од страна на митрополитот Тимотеј. За свештеник е ракоположен на 20. II 2015 година во манастирот „Св. Јован Крстител“ – Бигорски, во Дебар, од митрополитот Тимотеј.
-
Никола Кипријанов
Свештеник Никола Кипријанов
Пензиониран свештеник кој ја опслужува Белчишката парохија при црквата „Св. Никола“ – с. Белчишта
Телефонски број: 078 330 411
Раѓање и школување
Роден на 26. XI 1955 година во Охрид, од родители Стојан и Јорданка, со живеалиште во Охрид. Основно училиште завршува во „Григор Прличев“ во Охрид. Запишан е во средно богословско училиште „Св. Климент Охридски“ во с. Драчево, Скопје, во текот на учебната 1974–1978 година, како кандидат на Дебарско-кичевската епархија.
Ракополагања
На 5. VI 1977 година е произведен за чтец во манастирот „Сите Светии“ во с. Лешани. На 26. VIII 1979 година е ракоположен за ипоѓакон и ѓакон во црквата „Св. Богородица – Каменско“ во Охрид, од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Ангелариј. На 28. VIII 1979 година е ракоположен за свештеник во црквата „Св. Богородица“ во Македонски Брод, од страна на митрополитот Ангелариј.









