Денес, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, беше отслужена Света заупокоена Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, во молитвено присуство на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
На крајот од Литургијата, Митрополитот Георгиј се упати кон верниците со пригодна беседа.
Во продолжение ви ја принесуваме беседата произнесена од Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, на тема: Патот на верата во Воскресението: Сведоштво за еден живот посветен на Христос.
По Литургијата, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со архиереите и свештенството, отслужи парастос на гробот на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј.
Вечен спомен.







































