Средби со директорот на Националниот конзерваторски центар од Скопје

На 2 декември 2025 година, директорот на Националниот конзерваторски центар од Скопје, м-р Александар Јорданоски, заедно со Љупчо Тануровски, документарист, остварија средба со Неговото Високопреосвештенство, г. Георгиј. Националната установа во еден дел на оваа епархија има своја територијална надлежност, како: Кичево, Дебар, Маврово и Ростуше и Центар-Жупа. Средбата беше со цел да се координираат активностите на установата за 2026 година во дел од сакралното културно наследство во надлежната територија, односно за фрескофрагментите од Кнежино.

Исто така, директорот оствари средба и со архимандритот Нектариј, игумен на манастирот „Св. Наум“, при што беше запознат со состојбата на фрескоживописот во манастирската црква „Св. Архангел Михаил“, како и идејата да се воспостави постојана музејска поставка која ќе ја прикаже хронологијата на овој манастирски комплекс.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК