„Твојот извор, Дево, излева Божествена и за восхит достојна вода, бидејќи со призивот на Божјата благодат, лекува од хидропизија (водена болест). Затоа, Извору, те почитуваме во вековите.“1
На 07.05.2021 година, во Петокот од Светлата седмица, Источен петок – Балаклија, во храмот „Свети Јован Крстител“ во Капиштец, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј зеде учество и сослужуваше на светата Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.
На Литургијата, во свештенички чин беше ракоположен ѓаконот Борис Георгиев.
















































- Песна од Канонот на Утрената богослужба во Петокот од Светлата седмица. ↩︎






