Велики Четврток – Утро

„Јагнето што го навести пророк Исаија, оди на доброволно колење, и дозволува да биде биено по плеќите и образите; без да го свртува лицето од плуканиците, на срамна смрт се осудува; и Он, безгрешниот, доброволно прима сѐ, за да им дарува на сите воскресение од мртвите.“1

На 09.04.2026 година, на Велики четврток наутро, кога ги прославуваме светите настани на миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и Јудиното предавство, во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.


  1. Стихира на Господи повикав од Вечерната богослужба на Велики Четврток. ↩︎
Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК