Велики Четврток – Вечер

„Сета твар се менуваше од страв, гледајќи Те како висиш на крстот, Христе: сонцето се помрачи, и основите на земјата се тресеа: сите сострадаа со Оној Кој создал сѐ: Господи, Кој доброволно претрпе заради нас, слава Ти.“1

На 09.04.2026 година, на Велики Четврток навечер, кога ги славиме светите, спасителни и страшни страдања на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос, во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“ во Струга, беше отслужена Утрена богослужба со читање на дванаесетте страдални Евангелија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Во продолжение линк од видео материјалот: https://www.facebook.com/reel/1235633138640893


  1. Стиховна стихира на Утрена на Велики Петок. ↩︎

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК