Источен Петок – Балаклија

„Твојот извор, Дево, излева Божествена и за восхит достојна вода, бидејќи со призивот на Божјата благодат, лекува од хидропизија (водена болест). Затоа, Извору, те почитуваме во вековите.“1

На 07.05.2021 година, во Петокот од Светлата седмица, Источен петок – Балаклија, во храмот „Свети Јован Крстител“ во Капиштец, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј зеде учество и сослужуваше на светата Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.

На Литургијата, во свештенички чин беше ракоположен ѓаконот Борис Георгиев.

  1. Песна од Канонот на Утрената богослужба во Петокот од Светлата седмица. ↩︎

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК